Тренерска смена во Вардар: Андреев отпуштен, доаѓа Седлоски

0
299

Сергеј Андреев по 20 месеци не е повеќе тренер на екипата на Вардар, откако раководството на најтрофејниот македонски спортски клуб го разреши од позицијата прв тренер на екипата и на негово место го назначи Гоце Седлоски, објави клубот во саботата на својата официјална интернет страница. Со Андреев минатата сезона по неколку години скопските „црвено-црни“ ја освоија титулата во националното првенство, а оваа сезона Вардар играше и во Лигата на шампионите против кипарски АПОЕЛ. И покрај тоа што остана непоразен во двата дуела поради примениот гол на домашен терен (1:1 во Скопје, 0:0 на Кипар), беше елиминиран во второто квалификациско коло. Седлоски има долга интернационална кариера играјќи за Хајдук, Шефилд Вендзеј, Вегалта, Дијарбакир и Матерзбург. За македонскиот национален тим има одиграно точно 100 натпревари, а беше селектор на сениорите на еден натпревар против Литванија, го водеше младинскиот погон на Матерзбург и беше тренер на првиот тим на Хоризонт Турново со кој успеа да избори прв пласман во Лигата на Европа.