Трет ден прекин на сообраќајот поради свлечиште

0
435

Веќе трет ден има забрана за сообраќај на патниот правец А3, обиколница Битола-Ресен поради свлечиште, кое се активира поради обилните врнежи од дожд. Состојбата моментално е стабилна, велат од Македонија пат. ЈП Македонија пат во содејство на надзорниот инжинер и инспекторатот за државни патишта одлучиле патот да биде затворен за сообраќај поради безбедност

-Имаме одронување на големи грамадни карпи кои што можат да предизвикаат катастрофални последици и заради тие причини безбедносни го пренасочивме сообраќајот, и чекаме да се смири состојбата со свлечиштето, изјави Веселинчо Спасевски, раководител на Македонија пат-Битола

Минатата година беа изградени габиони и жичана ограда за да се спречи паѓањето на каменитиот материјал, но оваа година има одрони по цела должина на свлечиштето каде што не може да се направи потпорен ѕид, вели Спасевски

-Минатата и оваа година досега од свлечиштето имаме отстрането 5 илјади метри кубни каменит и земјен материјал, и сметам дека и во иднина ќе ги имаме овие проблеми, меѓутоа превентивно во целата несреќа имаме среќа што имаме алтернативно решение за пренасочување на сообраќајот, додаде Спасевски

Спасевски додава дека за да се реши состојбата со ова свлечиште треба да се изработи проектна документација за цел масив над патот А3.

Без коментари

LEAVE A REPLY