Трета фаза на дезинсекција

0
340

Центарот за јавно здравје Битола од понеделник започнува со третата фаза од теристичката односно дезинсекцијата од земја со цел уништување на комарците.

На територијата на Општина Битола запрашувањето ќе почне од 31 август и ќе трае до 6 септември, додека на територијата на општините Новаци и Могила ќе се врши дезинсекција в понеделник и вторник. Запрашувањето ќе се врши во периодот од 19.00 до 06.00 часот, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило. Со оглед на тоа дека активностите ќе се изведуваат во вечерните часови, на возилото со апаратурата за дезинсекција ќе му предходи друго возило означено со ротационо светло. Во Општина Битола со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини на целото градското подрачје и периферијата на градот, предвидени со оперативниот план и програма доставени до Општина Битола. Во Новаци со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, подрачјата по течението на река Црна, подрачјата околу каналниот систем на територијата на Општина Новаци, локалитети со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата. Во Могила со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, подрачјата по течението на реки, водотоци, подрачјата околу каналниот систем на територијата на Општина Могила, локалитети со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата.

Третирањето ќе се изведува со препаратот AQUA K-OTHRINE со активна супстанца DELTAMETRIN.

Без коментари

LEAVE A REPLY