Трета ноќ протести во Шарлот – полицијата употреби солзавец

0
319

На третата ноќ од протестите, откако полицајците убија Афроамериканец во јужниот американски град Шарлот, Северна Каролина, полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите, кои го блокираа автопатот.

Демонстрантите се разотидоа откако полицијата употреби солзавец и гумени куршуми.

Пред тоа властите во Шарлот воведоа полициски час, кој важеше од полноќ на 23 септември до 6 часот наутро.

Повод за протестите е инцидентот во кој полицајци забележале вооружен маж како слегува од возило со оружје и пукале во него. Мажот починал во болница.

Полицаецот кој пукал исто е црнец. Убиениот е 43-годишниот Кит Ламонт Скот. Според роднините на убиениот, тој не држел во рацете оружје, туку книга и отишол да го земе синот од училиште.Демонстрантите бараат да се објави видео снимката за да се види како е извршено убиството.

Без коментари

LEAVE A REPLY