Трета смена- ноќно трчање втор дел на 2-ри декември

0
599

 

Под името Трета смена- ноќно трчање за здраво и слободно постоење, во Битола за прв пат се одржа ноќна трка по иницијатива на неколку битолчани. Карактерот на истата не беше натпреварувачки.

Секој последен четврток во Битола се одржува настанот Битола на точак, а ноќните трки ќе се одржуваат секоја прва среда во месецот како поттикнување на здравиот начин на живот.

На првата трка учествуваа 30 учесници.

Втората трка е во среда, втори декември.Собирно место

пред Гимназијата “Јосип Броз Тито” од 19 часот и 30 минути.

Има две точки на кои ќе можат да се приклучат оние кои не можат да ја истрчаат целата рута.

Првата точка е кај Саат кулата, пред ќебапчилницата “Охрид”. Втората точка ќе биде на Камен мост, пред Арт кафе. Кој може, нека си носи челна ламба. Се трча со умерено темпо.

На настанот добредојдени се сите спортисти, рекреативци, активисти.

И на крај порака од организаторите-Разбудете го Форест Гамп во вашите глави, а и нозете бркаат работа – трк до целта!