Пораки за мирот испратени од Магнолија

0
1418

,,Во текот на следните 100 дена, да застанеме со милиони луѓе ширум светот кои страдаат од уништувачкото влијание на насилство и конфликт. Дозволете ни да ги споделиме идеите и плановите за помош и да ги поддржиме тогаш кога им е очајно потребно.” Оваа е пораката, која денес на Светскиот ден на мирот ја испрати генералниот секретар на ООН Бан Ки Мун.

А кој друг, ако не ветераните од Втората светска војна можат да докажат дека само во мирот е иднината. Учесниците во војната велат дека тоа е нивна обврска, затоа што тие знаат што е војната, дека војната разорува се што постои. Токму затоа и оваа година Сојузот на борци заедно со учениците од неколку битолски училишта го одбележаа овој ден.MIR DECA

-Ние треба да се бориме да се сочува мирот, зашто само во мир може да се гради, изјави Александар Трајковски, претседател на Сојуз на борци Битола.ALEKSANDAR 

Кај младите постои силна иницијатива да покажат дека знаат да прават нешто подобро од тоа да војуваат.

-Нашите баби и дедовци, нашите родители беа сведоци на хорори кои се случуваа во минатото. Затоа ние како млада генерација треба да покажеме дека знаеме подобро од тоа да војуваме, изјави Васко Гичевски, ученик.VASKO

Борците предупредуваат што би значела уште една светска војна за светот.MIR BORCI

-Третата светска војна би била катастрофа, нема да се користи оружјето од Втората Светска војна, туку биолошко оружје, ќе се уништи светот и ќе се донесе човештвото во камено доба, вели Трајковски.

Меѓународниот ден на мирот беше основан во 1981 година со резолуцијата 36/67 на Генералното собрание на Обединетите нации. Првиот ден на мирот беше одбележан во септември 1982 година.