Трето светско злато за Фрејзер во женскиот спринт

0
592

Шели-Ен Фрејзер-Прајс од Јамајка ја освои третата светска титула на 100 метри. 28 годишната атлетичарка беше најбрза во финалето и со 10.76 мина низ целта во Пекинг . Фрејзер-Прајс беше златна и во Берлин 2009 и Москва 2013, па го повтори успехот на Болт, кој исто така е троен светски шампион. Дафне Шиперс од Холандија ја одбрани честа на спринтерките од Европа, откако се избори за сребрен медал со нов национален рекорд на Холандија од 10.81 сек. Тори Боуи од САД стигна до бронзениот медал со 10.86 секунди, а вкупно пет натпреварувачки трчаа под 11 секунди во финалето.