Тревога во Франција, 5000 полицијаци распоредени на границите

0
426

Франција распореди дополнителни безбедносни сили на своите граници, соопшти министерот за внатрешни работи на Франција.

Тој оцени дека постои висок степен на опасност после апсењето на главниот осомничен за терористичките напади во Париз.

Одлуката за предавањето на Франција на Салах Абдеслам, главниот осомничен за париските атентати од ланскиот ноември, кој во петокот беше уапсен во Брисел, ќе биде донесена „најдоцна за 60 дена од денот на неговото апсење“, или 90 денови доколку се жали, изјави во саботата вечерта францускиот министер за правда.

Европскиот налог за апсење е процедура којашто е „поедноставна и поефикасна од екстрадицијата, бидејќи е потребно покус временски рок за постапката: така конечната одлука за предавање на Салах Абдеслам мора да биде донесена најдоцна за 60 дена од денот на неговото апсење или 90 дена доколку се жали на повисок суд“, наведе во писмената изјава францускиот министер за правда, Жан-Жак Урвоа.

„Тоа е исклучиво правна процедура во која извршната власт не се меша“, истакнува, потсетувајќи дека „одбивањето обвинетиот да биде предаден на странските власти не го попречува извршувањето на екстрадицијата“.

Без коментари

LEAVE A REPLY