Тргна на операција, но не стигна – Пеце почина

0
3014

Триесет и две годишниот Пеце Роговски од Битола почина откако не успеа да се качи во авион за Турција каде што требаше да биде опериран, бидејќи навреме не било најавено дека треба да патува во лежечка положба.

Од битолската болница велат дека сториле се’ Пеце безбедно да стаса на скопскиот аеродром и да замине на лекување во странство.

„Му обезбедивме амбулантно возило со кое безбедно и во лежечка положба беше пренесен до аеродромот. Но, откако не успеа да се качи во авионот, повторно со возилото беше вратен во болницата каде што и почина. Причината за смртта не беше исцрпеноста, туку напредната фаза на карциномот кој ја зафатил карлицата“, изјави д-р Васил Најдовски, директор на Клиничката болница во Битола.

Според Најдовски, Роговски на барање на семејството бил примен во битолската болницата неколку дена пред да замине на пат за да се направат сите испитувања кои биле побарани од турската болница, каде што требало да добие уште една можност да се бори против болеста.

Од ФЗО се категорични дека семејството Роговски не поднело барање за лекување на нивниот син во странство.

Младиот Пеце заедно со семејството сам преку донации собирал пари за лекување во странство бидејќи имал напреднат карцином на бутниот мускул. Операцијата, која му била закажана во една од турските болници, чинела околу 45.000 евра.

Без коментари

LEAVE A REPLY