Тргна Пелагонија експрес со кинески комфор

0
2673

Во Битола навечер пристигнува Пелагонија екпрес, новата кинеска гарнитура. Тргнал од Скопје во 17:10. Преку Велес, Богомила и Прилеп во Битола требаше да пристигне во 19:51. Задоцни 15 минути. Се работи за современа кинеска дизел-моторна гарнитура, која нуди современи, модерни и квалитетни услуги за патниците. Од Македонски железници велат дека станува збор за супер модерна кинеска дизел моторна гарнитура со 120 места за седење. Одлично ја искачува делницата кон Богомила, каде другите возови имаа проблеми поради угорнината. Оваа гарнитура е идентична како и електричната која сообраќа на релација Скопје – Велес и обратно, само што за движење користи гориво наместо електрична енергија. Возот сообраќа како деловен со доплата и не застанува на секоја станица, туку само на поголемите, Велес, Чашка, Богомила и Прилеп. Така, патувањето од Скопје до Битола трае 2 часа и 40 минути, многу помалку отколку со автобус. Наутро од Битола за Скопје тргнува во 5:18, а стигнува во 8 часот. До неколку дена, од причини кои официјално не беа соопштени иако на возниот ред го имаше овој деловен воз  не сообраќаше, а многу патници за тоа дознаваа на утро кога околу 5 часот ќе пристигнеа на железничката станица. Додека сообраќаше тоа беше со некогаш популарните Шпанци кои репарирани и средени беа пристојно место за патување, барем на почетокот кога решенија да ги вратат на оваа линија. Така дел од патиците велат дека луѓето го заборавија возот и патувањето кон Скопје го правеа или со автобус или со автомобил преку Фејзбук со групите кои ги организираат. За прв пат во историјата на железницата, барем така се сеќаваат, од станицата во Битола има ноќен воз кој веќе сообраќа на релацијата Скопје-Битола. Новововедениот воз 941 од Скопје тргнува во 1:40 по полноќ, а во Битола пристигнува во 4:30 часот. Од Битола за Скопје возот 940 тргнува во 20:50, а во Скопје пристигнува во 23:39 часот. Двата воза ќе возат под задолжителна резервација на место за седење. Освен овие два пара на возови, на оваа релација сообраќаат уште три патнички, рано наутро, околу пладне и доцна попладне од Битола.

Генерално патниците кои ги анкетиравме велат дека возот е добар и побрзо пристигнуваат до саканата дестинација.