Тргнете ги настрана геополитичките игри

0
359

Европејците би требало да ги остават настрана геополитичките игри во момент кога се соочуваат со тероризам, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Лавров, на почетокот на состанокот со неговиот германски колега Фран Валтер Штајнмајер, рече дека Русија е подготвена да разговара за борбата против тероризмот.

– Се надевам дека сите Европејци, кои се соочуваат со сериозна закана од тероризмот во момент на терористички напади во Брисел, ќе ги остават настрана геополитичките игри и ќе се обединат со цел да не им се дозволи на терористите да бидат главни на континентот, наведе Лавров.