Три биса и огромен аплауз за битолчани на Скопското културно лето

0
5016

Вечерва на Плоштадот Македонија во Скопје се одржа концерт на Камерниот оркестар од Битола како дел од нивната летна турнеја низ Македонија, а во Скопје за затворањето на Скопското културно лето.

13876659_1648203745497445_5449667251208942242_n

Три биса и огромен аплауз на Плоштадот Македонија за маестралната изведба на Рок симфонијата.

Оваа летна турнеја е резултат на неколку годишниот проект „Рок-симфонија“ на камерниот оркестар на Битола, кој веќе неколку години наидува на одличен прием кај битолската публика. Тие одлучија дека овој производ можат да го понудат и надвор од Битола со една ваква летна турнеја, која го носи истиот наслов „Рок-симфонија“.

13876668_1648233862161100_9125098486147379930_n

Камерниот оркестар го сочинуваат околу 25 млади академски музичари, и како што изјави диригентот Владо Димовски, кој е и автор на аранжманите на композициите од проектот „Рок-симфонија“, сакаат музиката што ја изведуваат да ја доближат до пошироката публика.

Беа во Кавадарци, Штип, а денеска во Скопје.