Три децении бараат 100 метри асфалт

0
612

Околу 15 тина фамилии кои што живеат на ул Рашанец во населба Горно Оризари се жалат поради тоа што нивната улица околу 100 метри не е асфалтирана.Велат дека колите ги искршиле а дополнителен проблем им претставувало кога врнело дожд , газеле по кал и камења, и целото губре од улицата при поголеми врнежи од дожд им влегувало во дворовите

-Ваква е улицата повеќе од 30 години, ни ветуваат дека ќе се тури асфалт но досега не е ништо преземено од страна на надлежните, изјави Цветан Брдаровски жител на ул.Рашанец

ULICA 2

За нивниот проблем повеќе пати ги информирале надлежните

– Досега имаме поднесено барање до општина Битола повеќе пати, последното и на писмено, каде што сите фамилии кои што сме околу 15 тина ставија потпис, изјави Александар Смилевски

На нивното барање надлежните со одговор

– Одржана е комисија и разгледано е барањето поднесено од страна на жителите од ул. Рашанец . За оваа година донесена е програмата за која ќе се одвиваат активностите за 2012 година , почнавме со реализација на истата и со приуритет ќе се пристапи кон вашето барање, изјави Александар Смилевски кој што го цитираше решението

Од општина Битола денес не информираа дека за тој дел од улицата немало ДУП и затоа не можело да се изготви соодветна документација и поради тоа се интервенирало само со тампон.