Три години затвор за мигрантите кои нелегално ќе влезат во Унгарија

0
444

Новиот нацрт-закон, кој унгарската Влада го предложи пред парламентот предвидува поостри казни за мигрантите и бегалците кои нелегално ќе ја минат државната границата.

Владата на Унгарија предложи 13 мерки за поефикасно справување со бранот на мигранти во оваа земја. Во нив се предвидува и три години казна затвор за мигрантите кои ќе бидат фатени како нелегално ја минуваат границата.

Освен тоа, се предвидуваат и строги казни за криумчарење со луѓе .

Предложени се и мерки за воспоставување на „транзитна зона“ на границата за луѓето кои бараат азил, за да имаат време да соберат документи и поднесат барање.

За овој нацрт-закон, парламентот ќе расправа идната недела, а доколку се прифати законот ќе стапи во сила на 15 септември.

Инаку, во Унгарија годинава преку Балканот влегле околу 100 000 мигранти, кои најчесто доаѓаат од Сирија, Ирак и Авганистан.

Без коментари

LEAVE A REPLY