Три илјади евра ноќевање во Скопје за Суперкупот

0
657

Фудбалскиот Суперкуп помеѓу Реал и Мачестер Јунајтет, кој ќе се одржува на 8 август, во „Телеком арената“ во Скопје, ги крена до плафон цените на скопските хотели. Според податоците за резервација на сајтот Букинг, 3 илјади евра е цената за две ноќевања со појадок, за двајца од 7 до 9 август. Или 1500 евра за една ноќ, односно од 8 до 9 август. Резервациите по скопските хотели се движат по различни цени, односно во поелитните хотелското сместување и резервациите може да се направат по цена од 2.700, 2.280 или 2000 илјади евра, две ноќи за двајца со вклучен појадок, но има и нешто поевтини по цена од 1.725 евра, 1,044 евра, 1300 евра. За едно ноќевање цените се половина од овие. Нешто поевтини се хотелите во периферијата на Скопје, па ноќевањето таму е по цени од 300 евра па нагоре, пишува агенцијата Макфакс.