Три лица избодени со нож во црква во Бирмингем

0
407

Британската полиција соопшти дека вкупно три лица се повредени од убоди со нож, за време на нападот што се случил денеска во една црква во Бирмингем.

Инцидентот се случил за време на редовната претпладневна неделна служба во црквата.

Според претставник на полицијата, едно лице е префрлено на лекување во локалната болница, со потешки повреди, но лекарите изјавиле дека неговата здравствена состојба е стабилна.

Уапсен е еден 46 годишен маж, за кого се вели дека го извршил нападот. Тој е задржан во притвор и е обвинет за обид за убиство.

Засега не се знае мотивот за нападот, но е исклучена можноста за тероризам.

Без коментари