Три лица повредени при удар со автомобил во Лондон

0
216

Три лица се повредени синоќа во Лондон, откако автомобил удрил во група пешаци. Британската полиција во возилото пронашла два ножа.

Повредените лица се надвор од животна опасност. Полицијата овој инцидент не го поврзува со евентуален терористикчи акт.

Во меѓувреме британската полиција пушти на слобода уште едно лице кое беше уапсено поради нападот во Лондон што се случи во близина на британскиот парламент.

Во моментот во притвор е задржано само уште едно лице, 58-годишниот маж кој беше уапсен во четвртокот во Бирминген, градот во кој живеел и напаѓачот Халид Масуд. Полицијата досега приведе 11 лица поради нападот.