Три лица убиени со самострел во Торонто

0
162

Три лица се убиени во напад со самострел во источниот дел на Торонто. Во врска со инцидентот, полицијата уапси едно лице.

Според локалните медиуми, три лица се убиени, а две се потешко ранети.

Полицијата информира дека самострелот е пронајден во близина на жртвите, како и дека се откриени уште неколку предмети кои најверојатно се поврзани со злосторство.

Полицијата уште наведува дека една од убиените е жена, а дека напаѓачот е на возраст од околу 35 години.