Три лица загинаа при напад врз џамија во Авганистан

0
255

Авганистанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека најмалку тројца цибили биле застрелани од вооружени лица во џамија во една од провинциите во земјата.

Според Министерството, во нападот има деветмина повредени, а инцидентот се случил синоќа во Гардез, главниот град на провинцијата Пактија.

Министерството остро го осуди нападот, сметајќи го како напад врз исламот и човештвото.

Засега никој нема преземено одговорност за нападот.