Tри лица загинаа во напад во Клиника во Колорадо

0
367

Три лица се убиени, од кои еден полицаец, а девет се ранети во престрелката која се одигра во петокот во центарот клиника за планирање семејство во Колорадо Спрингс, во американската сојузна држава Колорадо, соопштија во саботата локалните власти.
Полицијата го уапси напаѓачот кој пукал од пушка, при што сите ранети се во добра состојба и се сместени во блиските болници. „Сите во моментов се во добра состојба“, изјави Кетрин Бакли, портпаролка на полицијата во Колорадо Спрингс, јужно од Денвер.

Напаѓачот ѝ се предал на полицијата речиси пет часа откако упаднал во клиниката. Засега не се познати мотивите за нападот.

Клиниката во Колорадо Спрингс, која е во сопственост на непрофитната организација Planned Parenthood за планирање на семејството, и во минатото повеќепати била цел на напади на противниците на абортусот. Националната непрофитна група, посветена на осигурувањето широко ниво на заштита на репродуктивното здравје, вклучително и абортусот, последните месеци беше на удар на критиките на конзервативците во Конгресот, кои бараат укинување на сојузната поддршка за оваа организација.

Полицијата по апсењето на напаѓачот наведе дека осигурувањето на зградата оди бавно, поради стравувањата дека во неколку пакети и торби пред и во зградата кој ги оставил напаѓачот, можеби има експлозивни направи, и постепено го проверува објектот./крај/мф/сн