Три медали за македонските кик-боксери на европскиот шампионат за јуниори

0
2076

Македонските репрезентативци во кик бокс, кои учествуваат на Европското јуниорско првенство во Сан Себастијан, Шпанија обезбедија три медалa. Хадис Рамадани, Бобан Илиоски и Марија Божиновска во четврток ќе се борат за пласман во финалето во своите категории. Хадис Рамадани, во категоријата до 67 килограми, во лоу кик, го победи Стефано Цанчели со 2:1. Бобан Илиоски, во лоу кик, категорија до 71 килограм забележа победа над Наџад Пивнев од Русија со 3:0. Најубедлива беше Марија Божиновска која за пласман во полуфиналето, во кик лај во категоријата над 70 килограми ја победи Карен Галач од Хрватска.