Три неработни денови во Мај

0
2302

Помина и големиот Христијански празник Велигден кој православните верници го празнуваа со посета на црковниот храм, некои во семејнта атмосфера со ближните а други го искористија и продолжениот викенд да посетат и некои туристички места надвор од државата каде овој голем празник се слави со одредени специфики и традиционални обичаи.
Одморени од викендот, и прашањето кое што следно си го поставуваме е кога повторно ќе имаме неработни денови?
Месец Мај е месец кој што после Јануари има повеќе неработни денови. Согласо Законот за празници на неработни денови за сите граѓани на РМ е 1 Мај, каде што се празнува Денот на трудот  и е продолжен викенд бидејќи се паѓа во Понеделник.
24 Мај е исто така нерабортен ден а се празнува денот на сесловенските просветители,  овој празник се паѓа во среда. Додека пак за граѓаните од влашката заедница на РМ неработен ден е 23 Мај во кој се слави Националниот ден на Власите и се паѓа во вторник.