Три нови инвестиции во општина Кривогаштани

0
409

Три нови инвестиции ќе се реализираат во наредниот период во општината Кривогаштани, кои само во првата година треба да отворат најмалку 100 редовни работни места и дополнително најмалку 100 сезонски. Новите инвестиции, како што нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски се резултат на посветеноста на Владата и на градоначалникот на општина Кривогаштани за нејзин развој што, како што рече, биле препознаени и од страна на бизнис секторот, пренесе МИА.

Три нови  инвестиции се на повидок во општина Кривогаштани. Едната е за преработка на земјоделски производи и е вредна околу 1,5 милион евра, втората инвестиција е исто така за преработка, но за суви и смрзнати земјоделски производи и е инвестиција вредна околу еден милион евра од наш иселеник кој потекнува од овој крај. Третата инвестиција е онаа на компанијата „Везешари“ која вкупно е вредна околу три милиони евра.