Три нови истраги на СЈО: „Талир“, „Траекторија“ и „Тревник“

0
632

Во случајот „Траекторија“ се осомничени четири службени лица поранештни високи владини функционери, кои презеле противзаконски дејства во постапката при изградба на автопатските делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид.

– Осомничените ја одбегнале примената на законот за јавни набавки и ѝ овозможиле на компанијата изведувач да стекне имотна корист. Буџетот го оштетиле за 155.117.172 евра. Тие постапиле спротивно и на барањата на кинеската влада и на „Ексим банка“ како заемодавач. Требало изборот на компанија да го направат во согласност со домашното законодавство, а потоа да ја достават до регистар на кинеските компании. Ја доставиле документацијата само до две кинески компании. Тројцата осомничени поттикнати од првоосомничениот ги воделе само со една компанија иако втората компанија доставила пониска понуда, која ја скриле и компанијата воопшто не ја вклучиле во преговорите – рече обвинителксата Фатиме Фетаи.

Истрагата „Талир“ се однесува на незаконско финансирање на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и, според СЈО, тоа е прва истрага што се однесува на перење пари.

Според Фетаи, на првоосомничениот, претседател на партијата, прифатил незаконски средства за финансирање на партијата, не ги вратил и не донирал на Буџетот, за да бидат искористени за хуманитарни цели, како што наложува Законот. Мотивите биле од лична природа, за зацврстување на моќта и контролата на партијата, посочи обвинителката.

– Доказите укажуваат на основано сомнение дека провоосомничениот овозоможил формирање група што сторила кривично дело перење пари со тоа што овозможила парите стекнати со кривично дело да бидат внесени на жиро-сметката на партијата. Внесувањето според СЈО, било преку готовински плаќања, а во уплатниците имало неточни податоци, како и злоупотреба на имињата на членови на партијата. Преку готовински упати на сметка на партијата уплатиле 301.531.662 денари или 4.900.000 евра – рече Фетаи.

Во случајот „Тревник“ се осомничени три лица за изградба на три викенд-куќи во Зелениково, кои граделе без одобрение за градба. Доказите, меѓу кои и сателитски снимки, посочуваат дека градбите биле почнати во 2011 година, а дообрението било добиено во 2013 година кога веќе биле завршени, објасни обвинителката Фетаи.