Три нови случаи на ХИВ+ во Прилеп

0
1013

Кај тројца прилепчани на возраст од 20 до 29 години е утврдено присуство на ХИ-вирусот, предизвикувач на СИДА.

„Во Прилеп од 1987 год. до денеска вкупно се регистрирани 11 случаи на ХИВ-СИДА,и најзначајно е да се напомене, дека после подолг период,во 2014год. имаме 2 нови и во 2015-та год. еден нов случај на пациент инфициран со ХИВ. Инфицираните се лица од машки пол, на возраст од 20 до 29 години“, изјави д-р Гоце Ингилизов, директор на Центар за јавно здравје-Прилеп.
 Од 11-те инфицирани лица, кај дел била развиена болест. Седуммина веќе починале од СИДА. Но, според медицинските стручњаци не помала е опасноста од хепатит Б и Ц, чиј број на заболени континуирано расте.
 „Хепатит Ц и хепатит Б последните 3 години има законско решение за спроверување на скрининг кај бремени жени. Значи секоја бремена жена мора да се тестира оти тука е зголемен бројот на оние, кои се новооткриени“, посочува д-р Ингилизов.