Три објекти ќе се греат со топлина од биомаса

0
412

Денес, многу биоенергетски извори се добиваат преку култивацијата на растенија богати со енергија, како што се брзо-растечки треви или дрва, наречени биоенергетски магацини. Со согорување се добива пареа, топла вода, топол воздух и сл.

vtornik-still008

Со цел да се зголеми свеста кај луѓето за можностите и искористувањето на биомасата, започнаа со имплементацијата на проектот „Заштита на животната средина преку промоција на биомасата за замена на фосилните горива за греење и производство на електрична енергија.“ Општина Битола аплицираше од третиот повик од ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Грција и го доби проектот. Во рамките на проектот ќе се врши енергетска контрола на 3 објекти.  Оправданоста ја потврди и студијата на Техничкиот факултет од Битола, вели проф. д-р Зоре Ангелевски од Техничкиот факултет.

vtornik-still007

Биоенергетските технологии користат обновливи извори на биомаса за да произведат ланец на енергетски производи, како струја, течни, гасовити и тврди горива, топлина, хемикалии, и други материјали.

Целта е и да се иницираат младите исто така да размислуваат на иновативни решение во врска со биомасата,  во дел на производство и во дел на преработка и во дел на искористување на истата и во дел на заштита на околината која е поврзана со искористување на биомасата.

Како што напредуваат реформите во областа на енергетиката поттикнати од ЕУ, Македонија планира да го зголеми учеството на обновливи извори да достигне 21% од финалната потрошувачка на енергија до 2020 согласно Стратегијата за обновливи извори од 2010, во која биомасата игра важна улога со околу 40% од споменатото планирано учество на обновливи извори.