Три причини да се укине изборот на пратеници од дијаспората

0
336

Институтот за истражување на политики и добро владеење (ИПДВ) после изборите во 2011 година направи анализа за трошоците за избор на пратеници од дијапсората. Во рамките на актуелниот политички договор, анализата се дополни со аргументи на оваа непрофитна тинк-тенк организација, која дава три причини за кои сметаат дека се важни за да се укине изборот на пратеници од дијаспората.

Еве ја целосната анализа на ИПДВ:

Собранието на Република Македонија од првите парламентарни избори во 1991 до одржувањето на предвремените парламентарни избори во 2011 година функционираше со 120 пратеници. За првпат на предвремените избори одржани во 2011 година државата организираше избори во дијаспората. Пред да се вметнат таквите промени во изборниот законик, експертите беа скептични во однос на подготвеноста и бараа појасни одредби и детали со кои се врши кандидирањето на иселениците што претендират за пратенички место. Нивните забелешки не беа земени предвид целосно и Република Македонија влезе во „авантурата“ на спроведување на избори во дијаспората.

Покрај горенаведените предизвици други прашања што се покренаа кога беше изгласан законот и кога беа спроведени избори во дијаспората се однесуваа на начинот на водење на кампања, заштитата на избирачкото право, можностите – и санкционирањето на евентуалните нерегуларностите доколку се случат.

Ова кратка анализа има за цел да ја објасни економската оправданост на спроведување на избори во дијаспората, подетално ги анализира зголемените изборни трошоци кои се 25% за само три мандати, прашањето на легитимитетот односно нееднаквоста на гласот и како и (не)еднаквоста на право на глас.

Заклучокот е дека овој скап процес создава нееднаквост меѓу гласовите во Република Македонија и гласовите од дијаспората, покрај тоа што ги става гласачите од дијаспората во нееднаква позиција зависно од нивното место на живеење. Најдобро е гласањето во дијаспората да се укине, а доколку остане треба да се промени системот на гласање во дијаспората како би се зголемил легитимитетот на избраните пратеници, а гласањето би било поефикасно и економски пооправдано.

Законската Регулатива.

Уставот гарантира можност Собранието да го сочинат 0д 120 – до 140 пратеници. Со последните промени на член 4 направени во изборниот законик, во Собранието на Република Македонија се избираат 123 пратеници. 120 пратеници се избираат според пропорционалниот модел, при што во територијата на Република Македонија е поделена на шест изборни единици и од секоја се избираат по 20 пратеници. Тројца пратеници се избираат според мнозинскиот модел во еден изборен круг и тоа по еден пратеник од трите изборни единици во Европа и Африка, во Северна и Јужна Америка и во Австралија и Азија. За пратеници од дијаспората се гласа во Дипломатско конзуларните претставништва (ДКП) во оние градови каде што постојат. Изборите ги спроведуваат посебно формирани избирачки одбори. Избирачките одбори се составени од вработени во јавната администрација во Република Македонија. Тоа значи дека тимови од јавни службеници патуваат по светот за да ги спроведат изборите во дијаспората. Во исто време тие службеници се гласачи во своето место на живеење во Република Македонија, што значи дека ако треба да патуваат неколку дена тогаш не можат да гласаат на изборите. Така, исполнувајќи ја законската обврска и овозможувајќи им право на глас на граѓаните во дијаспората, тие службеници ефективно го губат своето уставно загарантирано право на глас. Интересно е да се потенцира дека Министерството за внатрешни, Министерството надворешни работи, ДКП или Агенцијата на иселеници на Република Македонија немаат јасна евиденција колку е бројот на иселеници во странство што ја наметнува дилемата за нејасните критериуми за креирање на трите изборни единици. Дополнително, во отсуство на таква евиденција се наметнува прашањето на избирачкиот список на овие граѓани кои што трајно или привремено живеат или престојуваат во странство.

Причина 1. Прашањето на легитимитет и гласачко право

Според истражувањето што го направи ИПДВ (Институт за истражување на политики и добро владеење) дојде до заклучок дека избирачкиот одбор којшто патувал во Пекинг, Изборна единица 9, за спроведување на избори бил составен од десет члена, но интересно е да се спомне дека вкупен број на пријавени гласачи биле десет додека ефективни гласачи во ова избирачко место биле шест (6),. Со оглед на тоа дека за да се спроведат изборите во земја како што е Кина, треба да се патува неколку дена претходно, го наметнува прашањето на губењето на можноста за користење на гласачкото право на десет граѓани на сметка на шест граѓани.

Спроведувањето на изборите во странство доведе до огромна разлика на потребните гласови за добивање на пратеничко место односно мандат во трите изборни единици споредено со шесте изборни единици во државата. За илустрација на парламентарни избори одржани во 2011 и во

2014 година, минимум гласови потребни за добивање на пратенички мандат во првата изборна единица беа 8.234 односно 8.725 во изборите одржани во 2014 година, додека пак за изборната единица 9 (Камбера, Пекинг и Мелбурн) се доби пратенички мандат со вкупно 591 гласови, додека пријавени беа 799 гласачи во изборите одржани во 2011 година и со 881 од 982 пријавени на изборите одржани во 2014 година.

Причина 2 Нерамноправноста на гласот

И ако избирачко право е загарантирано за секој граѓанин на Република Македонија со наполнети 18 години живот и деловна способност, сепак спроведувањето на изборите во дијаспората ги постави во нерамноправна позиција граѓаните на Република Македонија коишто имаат можност да гласат во земјата и оние коишто се иселеници или со привремено работа во странство каде таквото право морат да го „побараат“. Односно, и ако погоре спомнавме дека во изборната единица девет вкупно пријавени гласачи беа 799, значи дека како иселеник и граѓанин на Република Македонија со привремено работа во странство, за да го користиш правото на глас мора претходно да бидеш пријавен во ДКП, или пак по електронски пат во Државната изборна комисија.

За можноста да гласат во дијаспората Институтот за истражување на политики и добро владеење разговараше со неколку иселеници во Италија. Дојдовме до заклучок дека голем дел од иселениците не биле запознаени за можноста да гласат. Откако им објаснивме како се спроведува овој процес, тие одговорија дека сепак не би гласале поради оддалеченоста и економскиот аспект на гласање. Имено, далечината меѓу местото на живеење и местото на гласање е проблема којшто воопшто не е земен предвид. Тоа ги остава во нерамноправна позиција иселениците коишто живеат подалеку од ДКП. Во интервју коешто го спроведе ИПДВ со иселеник од Асколи Пичено во Италија го добивме следниот одговор “ Јас работам во Италија и со тоа го хранам моето семејство. Не го искористив моето право на глас бидејќи првин требаше да се пријавам, а доколку се пријавам за да гласам морам да идам до Рим, значи треба да губам цел ден, да платам автобуска карта (повратна), во текот на денот треба да се хранам и ред други трошоци, што мене би ме коштало минимум 200 евра. Подобро тие пари да му ги праќам на моето семејство“.

Причина 3. Економскиот аспект на избори во дијаспората и пратеници од дијаспората.

Следно прашање коешто треба да се покрене со спроведувањето на изборите во дијаспората се „бенефициите“ што би ги користеле избраните пратеници. Тоа го наметнува прашањето за економската оправданоста на овој процес и реалната потреба од пратеници од дијаспората. Особено во период кога државата се наоѓа во економска криза.

За спроведување на избори во дијаспората, Државна изборна комисија требаше да побара дополнителни средства од буџетот за спроведување на овој изборен процес. Неопходните трошоци за спроведување на овие избори се однесуваа на испраќање на гласачки ливчиња во земјите каде што живеат иселениците, понатаму јавни повици за иселениците коишто беа објавени во најтиражните дневни весници, како и испраќање на избирачки одбори, каде што споредено со местата на ДКП каде што се гласало. пратени се околу 500 лица. За сите овие службени лица потребно се: дневници, авионски билети и сместувања со што расте буџетот за спроведување на изборите. Доколку се анализира финансискиот преглед на ДИК, на реализирани средства за спроведување на предвремените избори само за патни и дневни трошоци во странство –услуги за обезбедување на превоз до местото на гласање(ДКП), дневници и сместување на составот на ИО во ДКП се трошени вкупно 450 илјади евра.

Релативно голем е и трошокот на Државната изборна комисија што го одвоила и за објави во странски печатени изданија, според финансискиот извештај за трошоци за објава во земјите во странство потрошила 310 илјади евра. Според пресметките коишто ги направи Институт за истражување на политики и добро владеење трошоците за избор на тројца пратеници од дијаспората се ¼ од вкупните трошоци за спроведување на избори за 120 пратеници. Покрај овие трошоци за спроведување на изборите, интересно е да се спомене дека со последните измени во Зконот за пратеници, на пратениците кои ја претставуваат дијаспората во Собранието им следи службен стан, надоместок за патните трошоци за да можат неколку пати во годината да ги посетуваат своите гласачи односно да одат во земјата каде се избрани. ИПДВ направи пресметка колку е тоа за пратеникот што ги претставува иселениците во Европа. Доколку ја користи можноста да ги посети избирачите, минимум трошоци за патување за еден пат се околу 1.000 евра бидејќи треба да се има предвид и распределбата на избирачите во држави. Тоа значи дека покрај повратен авионски билет од Македонија би требало да патува и во различни дестинации (без додавање на дневници и сместувања), додека пак за пратениците од другите изборни единици во Азија, во Австралија, во Америка и Канада сигурно трошоците би биле поголеми. Понатаму, државата треба да им обезбеди сместување за период од 4 години колку што трае еден пратенички мандат. Сето тоа има буџетски импликации кои во најголем мера

паѓаат на товар на граѓаните кои живеат во Република Македонија и тука плаќаат даноци, а не на товар на иселениците кои плаќаат данок во државата во којашто живеат.

Заклучоци;

Како што е споемнато погоре, изборот на пратеници од дијаспората создава нееднаква вредност на гласовите во дијаспората и во Македонија. Понатаму Законската регулатива ги ставаа во нееднаква позиција иселениците во зависност од тоа дали живеат поблиску или подалеку од ДКП.

Едно од клучните прашања што произлегува со овие избори е легитимитетот на избраните пратеници, Пратеник во Република Македонија се бира со неколку илјади гласа, додека пратеник од дијаспората се бира со неколку стотини гласа.

Покрај прашањата на легитимитетот, и нееднаквоста на правото на глас, овој процес е скап во ситуација кога Македонија се наоѓа во економска криза. А дури и кога би биле во економски стабилна ситуација, се поставува прашањето дали има смисла трошоците за избори да се поголеми за 25% за дополнителни 3 мандати?

Препораки

Најдобро е да се укине спроведувањето на изборите во дијаспората поради економските импликации со оглед на тоа дека последните избори покажа дека трите мандати од дијаспората чинат колку една четвртина од 120 пратеници во државата. Понатаму, нееднаквоста на правото на глас поради ограничената можност да се гласа само во ДКП. Во случај да се држат треба да се смисли систем којшто би бил поефикасен во спроведувањето и економскиот аспект, како на пример гласање преку пошта, интернет или пак да се промени законот и да им се гарантира

пратенички мандат(и) без да се спроведуваат изборите со предлог од политичките партии, или пак на диjаспората да им се овозможи да гласат за листи во шесте изборни единици во Република Македонија.

 

www.mkd.mk