Три жени дневно заболуваат од рак на дојкa

0
452

Три жени дневно заболуваат од рак на дојка, а годинава во земјава се регистрирани 1200 новозаболени. Ова се статистиките кои на кампањата за борба против рак на дојка ја обелодени здружението Борка.

Жени од сите возрасти денеска традиционално, по седми пат дефилираа низ скопските улици  да ја  разбудат свеста за  превенција од ракот на дојка и потребата од редовни лекарски прегледи.
Сопругата на претседателот Ѓорѓе Иванов, Маја Иванова со години наназад е поддржувач на розовата прошетка за поддршка на сите заболени од рак на дојка.За неа како што рече не се тешки изодените чекори кои треба да ги поттикнат жените да се грижат за своето здравје.
Ракот на дојка е глобален проблем кој оставил многу семејства без своите мајки, баби и роднини – порача американскиот амбасадор Џес Бејли на розевата прошетка во Скопје.
Со околу 1.38 милиони новозаболени и 508.000 смртни случаи годишно во светот, ракот на дојката е најчеста форма на малигно заболување кај жените. Според лекарите самотерапијата но и мамографските скрининзи се клучни во раната детекција на болеста.