Трибина на Мали Херои за стерилизација и кастрација на животните

0
594

2016 та година, здружението за заштита на животните и животната средина Мали херои од Битола, ја започнаа со успешна акција-
70% попуст на кастрација и стерилизација на мачки, на која во пресрет излезе д-р. Никола Буневски – специјалист по хирургија и анестезиологија на ветеринарна медицина.

Дел од трошоците за оваа акција беа покриени од Мали херои.

Акциите за оваа година, на ова здружение, продолжија со трибината-Зошто, кога и како стерилизација и кастрација.

На трибината свое излагање имаше Буневски и дел од актерите во битолскиот театар.

Стерилизацијата е безбедна и брза процедура која се изведува од страна на ветеринар.Постапката трае од 5 до 15 минути, а мачката се враќа во нормала за еден до два дена.

Буневски работи во Хрватска во Загреб, па ги пренесе и своите искуства на трибината каков е третманот на бездомните животни таму.

Напомена дека потребата од стационар за згрижување на бездомните животни е повеќе од потребна.

На трибината беа истакнати позитивните страни за стерилизација на животните пред се здравствени придобивки за мажјаците и за женките.
Општо земено, мачките се стерилизираат кога имаат шест месеци.