Трифун Костовски го промовираше ФРОДЕМ

0
786

Фронтот за демократска Македонија (ФРОДЕМ) е принципиелен, патриотски и морален одговор на нашата се’ поголема загриженост за правецот во кој се движи Македонија. На денешната промоција, на како што беше речено, новата политичка сила во државата, беше потенцирано дека нивната главна цел е „воведување на нов вредносен систем во чие средиште е граѓанинот, индивидуата“. Новото граѓанско движење предводено од бизнисменот Трифун Костовски и професорот Јове Кекеновски, сака да прерасне во вистински „коректив на власта“, кој ќе им даде надеж на граѓаните во „црно-белиот свет“, во кој се наоѓа земјата во последниве 25 години.

Зборувајќи за причините за здружување, професорот Кекеновски нагласи дека граѓаните се принуди да го кренат својот глас против „манипулативното владеење и политичарите што го изгубиле компасот “.

„За секоја болест мора да се најде лек, за секој политичар-замена, а за секое зло-казна“, рече Кекеновски и ги охрабри граѓаните да им се придружат.

Според бизнисменот Трифун Костовски, дали ФРОДЕМ ќе прерасне во нова политичка сила ќе зависи од тоа дали граѓаните во нив ќе препознаат нешто ново.

„На граѓанинот не смее да се гледа само како бројка, туку како на најголем капитал“, оцени Костовски и ги посочи трите главни точки во нивните програмски цели: образованието, здравството и иднината.

„Нам ни требаат добро едуцирани луѓе и здрави луѓе, бидејќи само такви можат да се соочат со предизвиците и да ја спречат епидемијата за заминување на младите луѓе од земјава“, констатираше Костовски.

Без коментари

LEAVE A REPLY