Тригодишно девојче и момче од Прилеп загинаа на Плетвар

0
212

Тригодишно девојче од Скопје и дваесет и тригодишен прилепчанец загинаа, а една жена е повредена во сообраќајната несреќа што се случи во неделата вечерта на Плетвар, кај ресторанот „Че“,  на патот Градско – Прилеп.

Според официјални информации од Министерството за внатрешни работи, во сообраќајната несреќа учествувале три возила, автомобил „шаран“ со скопски регистерски ознаки, комбе „пежо експерт“ со бугарски регистерски ознаки и камион „МАН“ со битолски регистерски ознаки.

Се уште нема официјални информации како се случила сообраќајката, а според неофицијални информации најверојатно се случила кога едно од возилата го претекнувало камионот.

Тригодишното девојче кое било сопатничка во автомобилот „шаран“ и возачот на комбето, дваесет и тригодишниот Горан Ц. од Прилеп загинале на лице место, а уште една жена, за која се уште нема информации колку години има и во кое возило се наоѓала, е повредена и пренесена во прилепската болница.

Патниот правец Градско -Прилеп синоќа беше привремено затворен за сообраќај поради несреќата. /крај/мф/ффс