Тригодишно дете загина играјќи си со магаре во Прилеп

0
1623

На 07.08.2016 година во 19.30 часот во ПС Прилеп било пријавено дека во Општа болница Прилеп било донесено починато тригодишно дете од с.Десово, прилепско. Детето од страна на родителите бил оставено со магаре со кое си играл. Во еден момент се сплеткало со оглавникот на животното, при што бил влечен од истото. Притоа детето се здобило со тешки телесни повреди од кои починало. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, соопшти МВР.