Трикратниот убиец Мустафа излезе од затвор и со пушка тргнал да се одмаздува

0
1666

Мустафа Шефаит  на возраст од 35 години, познат по тројното убиство во карбинското село Црвулево од пред 16 години, повторно дивее со автоматска пушка по плачковичките села.

Тој вчера околу 17 часот го застрерал сопствениот брат Ќемал, кој е задржан во штипската Клиничка болница.

Според месното население пред година и пол, Мустафа излегол од затвор, а автоматската пушка ја купил пред една година и почнал да го тероризиира локалното население.

Се заканувал на своите пријатели и роднини дека имал 81 лице на списокот за отстрел. Тоа се луѓе за кои смета дека го предале пред 16 години.  Тој во март 2000 година со ловџиска пушка уби три, а тешко рани две лица во селото Црвулево. За ова беше осуден на 20 години затвор.

Последен пат Мустафа е виден утрово во близина на селото Црвулево. Полицијата работи на негово пронаоѓање.