Трилатерална средба за последиците од Брегзит

0
256

Италијанскиот премиер Матео Ренци ќе им биде домаќин на германската канцеларка Меркел и на францускиот претседател Оланд на островот Вентотене кај Неапол, каде што бил создаден манифестот за политичкото обединување на Европа за време на Втората Светска војна..

Лидерите на Германија, Италија и на Франција ќе дискутираат за ситуацијата во Европската Унија по британскиот референдум за излез од европското семејство.

Италијанскиот премиер Матео Ренци ќе им биде домаќин на германската канцеларка Меркел и на францускиот претседател Оланд на островот Вентотене кај Неапол, каде што бил создаден манифестот за политичкото обединување на Европа за време на Втората Светска војна.

Средбата се одржува пред септемврискиот самит на ЕУ за последиците од Брегзит.