Тринаесет години заробени во сопствениот дом

0
2982

Битолската полиција денеска била повикана да асистира на социјални работници од Центарот за социјални работи од Битола при обидот за влез во станот каде што живееле двете ќерки и нивната мајка. Но, како што велат од полиција никој не им отварал, а тие без налог немаат право да влезат во домот.

Случајот за кој денеска информираше Телма, им бил познат на социјалните работници.

Во сторијата се вели дека две сестри тринаесет години биле заробени во сопствениот дом. Биле на возраст над 30 години. По смртта на таткото во 2004 година, ги заклучила и не дозволува никаков контакт со надворешниот свет, а соседите велат дека до сега неколку пати го пријавувале случајот.

Без коментари