Тринаесет мртви во експлозија по мечот Бешикташ – Бурса

0
1619

Истанбул повторно е цел на терористички напад откако тринаесет лица го загубија животот во експлозија крај стадионот на Бешикташ, неполни два часа по одигрувањето на натпреварот на овој клуб против Бурса.

Сите жртви се полицајци, откако нападот бил смислен така што автомобил – бомба експлодирал во моментот кога крај него минувал автобусот што ги превезувал органите на редот кои биле присутни на стадионот за време на натпреварот.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Соглу кажа дека цел на автомобилот бомба била полицијата. Сведоци слушнале пукотници по експлозиите и возила на итна помош и полиција пристигнале кај стадионот.

istanbul-napad-682346236

Засега ниту една група не презеде одговорност за нападот, но бранот бомбашки напади годинава во Турција беше дело на курдски милитанти и Исламска држава. Фактот што цел на нападот е полицијата го насочува сомнежот на курдските герилци, кои најчесто ги напаѓаат безбедносните сили.

Министерот за транспорт Ахмет Арслан на Твитер напиша дека се работи за терористички напад.

Експлозиите се случија два часа по завршувањето на фудбалскиот натпревар на „Водафон арена“ меѓи Бешикташ и Бурсаспор.

Без коментари

LEAVE A REPLY