Трите жени одбиле помош

0
3055

Социјалните работници и полицијата, направија неколку обиди да ги убедат да ја отворат вратат, но безуспешно, по што околу 19 часот се откажале од намерата. Рекоа дека преку затворена врата разговарале со трите жени, кои биле контактибилни и одбиле помош, заради што процениле дека во станот не може да се влезе насилно.

Претходно битолската полиција  била повикана да асистира на социјални работници од Центарот за социјални работи од Битола при обидот за влез во станот каде што живееле двете ќерки и нивната мајка. Но, како што велат од полиција никој не им отварал, а тие без налог немаат право да влезат во домот.

По смртта на таткото во 2004 година, ги заклучила и не дозволува никаков контакт со надворешниот свет, а соседите велат дека до сега неколку пати го пријавувале случајот.

Соседите раскажаа дека се сериозно загрижени бидејќи во последно време од едната сестра не се слуша никаков глас, иако претходно се слушале лелеци и викања постојано. Пред две години тие дури биле и хоспитализирани во битолската болница со сериозно нарушено здравје, но кога се вратиле дома, продолжил истата приказна.

Оваа приказна наиде на многу коментари меѓу јавноста, но најгласен е оној дали е возможно цели 13 години две полнолетни односно возрасни ќерки едната на 35, а другата на 34 години да биле држани во заробеништво и да не успеале да се спасат.  Но и тоа како институциите досега не успеале да се справат со проблемот.

Од Центарот за социјални работи за Телма рекле дека случајот е документиран кај нив и отворен предмет пред во 2014 година кога соседите го пријавиле случајот во полиција. Социјалните работници веднаш излегле на терен по што со асистенција на полицијата и противпожарната единица, и со судски налог, било влезено, а трите жени биле однесени на болница. Биле прегледани и од псхијатар кој констатирал дека немаат психички проблеми, а овој начин на живот е нивни избор.

Без коментари