„Трката за мирот“ утре низ Битола

0
680

Светскиот настан „ТРКА ЗА МИРОТ“, која секоја година ја обиколува Европа поминувајќи повеќе од 24.000 километри, оваа година ќе ја посети и Општина Битола. Предвидено е учесниците на трката да пристигнат во градот во попладневните часови.

Интернационалнот тим на тркачи со запален факел, во Битола ќе пристигне на 26.09.2016 год. во 14:00, од страната на булеварскиот влез кај кружниот тек Дулие, ќе се движи по ул.Филип Втори Македонски, продолжува кај паркинг просторот кај Саат Кулата, и свечено ќе биде предаден на Плоштад Магнолија.

Трката за мир – Шри Чинмој, позната како „ТРКА ЗА СВЕТСКА ХАРМОНИЈА“, во својата трета декада постоење има посетено 150 држави, со истрачни повеќе од 500 илјади километри ширум светот. Главната улога на трката е да се поттикне човештвото на единство и разбирање во секојдневниот живот, со цел да се споделуваат идеалите за вечен мир и да се спуштат социјалните бариери кои одделуваат една нација од друга.

„ТРКАТА ЗА СВЕТСКА ХАРМОНИЈА “ е поддржана од многу светски личности како Нелсон Мандела, Мајка Тереза и нашите претседатели Борис Трајковски и Киро Глигоров.

Со свечена церемонија оваа година трката започна на 21 Февруари 2016 год во Порто – Португалија под мотото „SRI CHINMOY ONENESS-HOME PEACE RUN“, позната како „ТРКА ЗА СВЕТСКА ХАРМОНИЈА„ – и го претставува најголемиот и најдолгиот народен труд за мир на човештвото.

Во Битола пристигнува во попладневните часови од Општина Демир Хисар, и продолжува за Општина Ресен.