Трофејот и маскотата на Евробаскетот денес гостуваа во Охрид

0
378

Македонија е дел од турнејата на ФИБА-трофејот и Маскотата на Еуро баскет – FRENKIE. На 8 август во центарот на Охрид кошаркарските фанови, но и сите љубители на спортот и добрата забава, ќе имаат ексклузивна можност да бидат дел од овогодинешната „TROPHY TOUR“ – турнеја на ЕУРО БАСКЕТ-трофејот. Имено, во секоја земја-учесник на ЕУРО БАСКЕТ 2015, Националната кошаркарска федерација и партнерите на ЕУРО БАСКЕТ го презентираат Трофејот на ЕУРО БАСКЕТ 2015. Освен промоција на Европското првенство и учеството на националната селекција, со овој настан се промовира и самиот домаќин на Трофејот преку видеоклип изработен од ФИБА во кој ќе бидат претставени културно-историските знаменитости и убавини на земјата. Воедно, фановите и граѓаните ќе имаат шанса да се сликаат со Трофејот и Маскотата на ЕУРО БАСКЕТОТ – „FRENKIE“, како и да се дружат со кошаркарските легенди и активните репрезентативци кои ќе бидат поканети да се приклучат на настанот.