Тројца Авганистанци откриени во БиХ во македонски камион

0
410

Тројца државјани на Авганистан кои илегално се обидувале да минат преку територијата на Босна и Херцеговина, откриени се од полицијата во областа на Брчко, пишуваат во неделата локалните медиуми.

Утврдено е дека станува збор за бегалци кои преку БиХ се обидувале да дојдат до некоја од западноевропските држави. Воедно ова е прв таков случај во БиХ, откако миграциската криза го зафати подрачјето на западниот Балкан.

Портпаролот на полицијата во Брчко, Халил Емкиќ, изјави дека полицајците ги откриле Авганистанците во саботата во едно товарно возило со регистарски ознаки од Македонија.

Возачот на камионот, чиј идентитет не е откриен а се наведува дека е на 48-годишна возраст и е македонски државјанин, е приведен. Истрагата ја преземало Обвинителството на БиХ кое македонскиот државјанин го товари за учество во криумчарење луѓе.

„Во текот на пребарувањето на возилото, утврдено е дека во него имало три лица и дека станува збори за луѓе од Авганистан. Тие се превезени во медицинскиот центар во Брчко имајќи предвид дека биле исцрпени“, изјавил за новинарите Емкиќ.

По лекарскиот преглед и пружената помош, тие се предадени на Службата за работи со странци која ги сместила во азилантскиот центар крај Сараево.

Полицијата и разузнавачките служби на БиХ со месеци наназад ја подигнаа готовноста во случај на можен прилив на зголемен број мигранти и бегалци, но досега немаше регистрирани обиди за илегално преминување на границата на оваа земја.

Процените се дека доколку актуелната криза се зајакне и евентуалното затворање на границите на Унгарија, дел од нив ќе се обидат кон западна Европа да минат и преку БиХ, и тоа главно преку областа Семберија, и јужниот дел од земјата кој гравитира кон Требиње./крај/мф/сн

Copyright 2015 makfax Сите права се задрж

Без коментари

LEAVE A REPLY