Тројца директори и еден управител на распит во Кривичен за случајот „Транспортер“

0
1531

Тројца директори на училишта и еден управител на една од фирмите што што го вршеле превозот на ученици во случајот „Транспортер“ денеска се на распит во Кривичен, дознава 24 Вести од извори во истрагата.

Досега, според нашите извори, распитот тече брзо и за околу еден и пол час за двајца е завршен распитот, а внатре се присутни нивните адвокати и специјален обвинител.
За утре остануваат уште тројца осомничени од вкупно 11 за кои СЈО бараше притвор, а според извори на 24 Вести, станува збор за управители на фирмите кои го вршеле транспортот.