Тројца Македонци во трка за пратеник во Албанија

0
871

На престојните парламентарни избори во Албанија на 18 јуни, во трката за пратенички мандат се тројца Македонци, но само еден од партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ).

Тројцата Македонци се во Изборна единица Корча.

МАЕИ настапува во коалиција со Движењето за социјалистичка интеграција, на сега веќе шефот на албанската држава, Илир Мета, на чија листа за ИЕ Корча е Васил Стерјовски, генерален секретар на МАЕИ и познат активист за правата на Македонците во Албанија.

Партијата на Мета, која откако тој се откажа од лидерската функција времено ја предводи Петрит Васили, доцна синоќа ги објави кандидатските листи за сите дванаесет изборни единици.

На листата е уште еден Македонец, Ефтим Митре од Глобочани, Мала Преспа, но како кандидат на Движењето за социјалистичка интеграција.

Во истата изборна единица, за пратеничко место ќе се трка и Македонката Едлира Доневски, по потекло од Мала Преспа, а живее во Корча. Таа е на кадидатската листа на Социјалитичката партија на актуелниот премиер Еди Рама, чиј член е.