Тројца мигранти се удавиле во Сува река

0
456

Тројца мигранти по потекло од Авганистан од кои еден маж и две жени утринава се удавиле во Сува река откако илегално ја поминале македонско-грчката граница, соопштуваат од Центарот за управување со кризи.

Нелегалната група мигранти сакале да транзитираат кон северната граница, а освен тројцата починати, четворица од групата се хоспитализирани, но се во добра здравствена состојба.

Преостанатиот дел од мигрантската група се префрлени во гевгелискиот прифатен центар.