Тројца млади убиени во пукање во Марсеј

0
149

Едно момче и двајца тинејџери се убиени ноќта кон неделата во пукање во Марсеј, на југот од Франција, познат по големата стапка на криминал често поврзан со криумчарење дроги.

Жртвите на возраст од 15 до 24 години се застрелани околу 2,30 часот по полноќ со рафали од автоматско оружје во подножје на зграда во населба со сиромашни квартови во северниот дел на Марсеј.

Тројцата биле на скалилата од зградата која неколку лица од два автомобила отвореле оган, рекле судски извори за AFP. Според изворот, 24-годишното момче ѝ било познато на полицијата, но двајцата тинејџери „многу слабо“.

Дваесет чаури истрелани од автоматско оружје се пронајдени на самото место. Набрзо по пукотниците, две изгорени возила биле откриени во Гадране, дваесетина километри северно од Марсеј.

Населбата Лориер, во која се случило насилството, е позната како жариште на трговијата со дроги во Марсеј. Во мај годинава во голема операција во која учествува повеќе од 300 полицајци, беа уапсени дваесеттина лица./крај/мф/сн