Тројца мртви, 9 ранети во американско кино

0
251

Најмалку три лица загинаа, од кои еден е убиецот, а деветмина се повредени вчера вечер во пукање во кино во градот Лафает во американската држава Луизијана.

Напаѓачот почнал да пука со полуавтоматска пушка околу 19.30 часот, во текот на емитувањето на филмот „Судир на возови“. Сведоците велат дека постар белец ненадејно станал и почнал да пука во луѓето, а потоа се самоубил.

„Ништо не рече, па дури не чув ни дека некој вреска“, рекла една од сведоците.

Полицијата го идентификувала напаѓачот како 58-годишен белец, но не го соопштила неговото име, поради текот на истрагата. Засега не е утврден мотивот за нападот.

За време на пукањето во киносалата имало околу 100 луѓе.

Лафает е град со околу 120.000 жители, се наоѓа на помалку од 100 километри југоисточно од Батон Руж.