Тројца мртви, четворица ранети во пукотница во Франција

0
157

Три лица ги загубија животите, а четири се тешко ранети, меѓу нив и двајца полицајци, во пукотница која се случила во вторникот во шаторската населба на северот на Франција, соопштија локалните власти.

Околностите за пукотницата сѐ уште не се познати. Според искази на сведоци, во шаторската населба избувнала жестока расправија. Едно лице кое најверојатно било под дејство на алкохол, отвори оган, а полицијата стигнала по дојава.

Загинале маж, жена и мало дете, а рането е лицето кое пукало, дете и двајца полицајци./крај/