Тројца мртви и над 20 повредени во насилствата во Вирџинија

0
370

Една жена загина а над 20 се повредени  кога автомобил влета во група демонстранти во центарот на Шарлотсвил во американската сојузна држава Вирџинија. Жената и повредените учестувале во протест  против маршот на ултардесничарите, белите националисти  и неофашистити, кои пак протестирале поради одлуката на градските власти да се отстрани споменикот на генералот Роберт Ли.

–  Автомобилот удри  неколку луѓе  и потоа се врати назад за да земе залет, за да оди побрзо , и се судри  во група луѓе. Имаше минимун днаесетина   луѓе кои беа директно удрени од возилото  раскажува сведок.

Возачот на автомобилот е уапсен.  Обинет е за убиство од втoр степен. По инцидентот со возилото, избиле  жестоки судири меѓу двете групи.

За да ги смири разбеснатите  групи полицајците коирстеле созлавец и пепер спреј.  Трамп остро го осуди насилството .

-Ние вмнимателно ги следиме  страшните настани што се одвиваат во Шарлотсвил, Вирџинија.  Со најсилни можни термини  го осудуваме ова исклучително прикажување на омраза, нееврство и насилство од многу страни изјави претседателот на САД.

По  изјавата на Трамп, политичарите од редовите на демократите но и многумина републиканци побартаа од него да ги означи вистѕинските виновници за он  што се случи  синоќа во Шарлотсвил.   За време на протестот и контрапроетст се случи и хеликопетрска несреќа. Полицискиот хеликоптер кој ги надгледувал двата собира  од засега непозанти причини се урнал , при што загинал пилотот и еден полицаец.

http://sitel.com.mk

 

Без коментари