Тројца полицајци убиени во Луизијана, САД

0
758

Тројца полицајци се убиени од седумте застрелани во неделата во нападот во американскиот град Батон Руж во сојузната држава Луизијана, ги потврди претходните извештаи градоначалник Кип Холден за телевизија CNN.

Пукањето се случило во текот на интервенција на полицијата на „осомничено лице“ вооружено со јуришна пушка.

Репортерот на CNN јави дека му е потврдена веста за тројца полицајци, но дека се соопштува за повеќе ранети полицајци, како и дека засега не се познати сите поединости.

Областа на нападот е сé уште „активна сцена“, изјави градоначалникот на Батон Руж, Кип Холден, додавајќи дека засега нема информации за поврзаност на овој случај со неодамнешното убиство на пет полицајци во Далас.

Пет бели полицајци во Далас ги уби 25-годишен црн напаѓач на 7-ми јули на крајот од мирниот протест против претходните полициски убиства на црници, од кои едното неколку дена претходно беше извршено токму во Батон Руж./крај/мф/сн