Тројца повредени во вооружен инцидент во Малме

0
683

Најмалку три лица се повредени, од кои двајца потешко во вооружен инцидент што се случил синоќа во зградата запрослави во Малме, на југот на Шведска.

Во моментот на пукањето во зградата имало од 70 до 100 луѓе, јавија локалните медиуми

Според очевидци, мажот влегол во салата и почнал да вика: „Кој го удри мојот брат“?

Полицијата разговара со очевидците и ги проверува снимките од безбедносните камери, а сообраќајот во тој дел од градот е запрен.

Шведската полиција, која трага по напаѓачот за сега не може да потврди дали се работи за изолиран инцидент или е поврзан со судирот на криминалните групи што е во пораст.

Претходно, медиумите известија дека во текот на ноќта се повредени четири лица во вооружен судир на маскирани мажи на мотори врз еден автомобил.

Напаѓачите избегале, а полицијата во меѓувреме соопшти дека инцидентот го истражува како обид за убиство.

Неколку часа по овој напад се слушнала експлозија во предградието Хеленехолд.

http://novatv.mk

Без коментари