Тројца тинејџери го најавија своето учество во трката за гувернер на Канзас

0
176

Тројца тинејџери досега го најавија своето учество во трката за гувернер на американската држава Канзас следната година, пишуваат денес локалните медиуми, пренесе АП.

Седумнаесетгодишниот Итан Рендлиас последниот кој ја најави својата кандидатура, по 17-годишниот републиканец Тајлер Ружиќ од Прери Вилиџ и 16-годишниот демократ Џек Бергесон од Вичита.

Сити стар денес објави дека Рендлиас има намера да се кандидира за функцијата гувернер замена за републиканецот Сем Браунбек.

Рендлиас е средношколец и за себе вели дека е мешавина на либерален конзервативец.

Канзас нема закон со кој се регулираат квалификациите за гувернер.

За да учествува во трката кандидатот треба да плати 2.207 долари или 670 долари, ако претходно собрал 5.000 потписи за поддршка.

www.mkd.mk

Без коментари